Фудбал
ВИДЕО: Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците, УЕФА мора експресно да реагира!
Во Хамбург, вчера се одигра напнат натпревар меѓу Албанија и Хрватска кој заврши со резултат 2:2. Иако Албанија прво поведе, Хрватска успеа да се врати во игра и да израмни резултатот, со конечно изедначување од страна на Албанците во 95-тата минута.
Наместо фокусот да биде на играта, поголемо внимание привлече однесувањето на навивачите и одредени инциденти надвор од играта. Навивачите на Албанија и Хрватска заеднички скандираа провокативни слогани, а албанскиот репрезентативец, Мирљинд Даку, го зголеми скандалот со своите постапки по завршувањето на мечот.
Даку, кој игра за клубот Рубин од Казан и е роден во Гњилане, употреби мегафон за да испрати остри зборови кон Македонците за време на прославата. Покрај тоа, беа забележани и тетоважи на неговиот грб кои го означуваат како почитувач на командант од УЧК кој загинал во 1999 година.
Очекувано е дека УЕФА ќе преземе мерки и ќе го казни Даку за неговите испади.
https://x.com/SolarNik/status/1803504245208973422