SportM
Фудбал

ВИДЕО: Австралија ја шокира Турција, Шкотска минимално славеше против Хаити

Редакција14 јун 2026
ВИДЕО: Австралија ја шокира Турција, Шкотска минимално славеше против Хаити

Австралија ја приреди првата голема сензација на Светското првенство 2026, совладувајќи ја фаворизираната Турција со 2:0 во дуелот што го затвори првото коло во групата Д. Иако турската селекција влезе со изразена улога на фаворит, „кенгурите“ одиграа тактички зрело, дисциплинирано се бранеа и ги казнија грешките на противникот.

Турција ја имаше иницијативата и повеќе од 70 проценти посед на топката, упати и триесет удари кон голот, но не успеа да ја преточи доминацијата во резултат. Австралија трпеливо ја чекаше својата шанса и поведе во 27. минута, кога Нестори Иранкунда избегa зад одбраната и рутински погоди за 1:0. Наместо израмнување, во продолжението следуваше нов удар за Турција: во 75. минута Конор Меткалф ја пресече една лоша реакција на ривалот, повлече кон голот и со прецизен удар од далечина ги постави конечните 2:0.

Во групата Ц, Шкотска со минимални 1:0 беше подобра од Хаити. Иако резултатот е тесен, дебитантот на Мундијалот по повеќе од пет децении остави солиден впечаток и можеше да стигне барем до бод доколку беше поконкретен во завршницата. Шкотланѓаните први се заканија во 17. минута, кога Скот Мектоминеј ја погоди стативата по одлично нафрлување од левата страна.

Клучниот момент се случи десет минути подоцна. По продор на Енди Робертсон и мешаница во шеснаесетникот, топката по несреќна интервенција на Жан-Рикнер Белгард заврши во сопствената мрежа на Хаити, што се покажа како доволно за триумф на Шкотска.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.