SportM
Фудбал

Видео од Шпанија кое стана хит: Вода до коленици, а судијата проверува дали може да се игра (ВИДЕО)

Редакција19 окт 2026
Видео од Шпанија кое стана хит: Вода до коленици, а судијата проверува дали може да се игра (ВИДЕО)

Натпреварот од четвртиот ранг на шпанскиот фудбал меѓу Пења Депортива и УКАМ Мурсија беше одложен поради обилните врнежи на Ибица, а видеоснимката од судијата кој се обидувал да ја провери состојбата на теренот стана вирална.

Како што пренесува Periodico de Ibiza, натпреварот од 7. коло во Сегунда РФЕФ требало да се одигра во неделата во 11:30 часот на општинскиот стадион во Санта Еуларија, но невремето го претворило теренот во базен.

На снимката се гледа како судијата влегува на теренот во вода до колената и се обидува да ја одбие топката од тревникот, иако било очигледно дека тоа не е можно. Топката останала во водата, а натпреварот потоа бил одложен.

Снимката ја објави и самиот клуб Пења Депортива на Инстаграм, со ироничното прашање: „Судија, ќе се игра или не?“

На социјалните мрежи брзо се појавија коментари во кои навивачите се прашуваат дали гледаат фудбал или ватерполо.

Властите на Ибица и Форментера прогласија црвено предупредување поради обилните врнежи, а Цивилната заштита ги прекина сите спортски, општествени и културни активности на отворено поради опасност од поплави. Од УКАМ Мурсија соопштија дека новиот термин за натпреварот ќе биде објавен дополнително.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.