Connect with us

Фудбал

Хаос во Тирана пред финалето на Лигата на конференциите: Војна на Албанците, Италијанците, Холанѓаните и полицијата!

Ден пред финалето на Лигата на конференции меѓу Рома и Феенород во Тирана, на улиците на главниот град на Албанија избувнаа големи немири во режија на хулигани од двата клуба, јавуваат албанските медиуми.

Видеото кое можеби најдобро ја опишува ситуацијата која денес е на сила низ градот и тензиите меѓу Албанците, Римјаните и Холанѓаните е токму ова од градината на едно кафуле каде пееја група млади момчиња Албанци и приврзаници на Феенорд.

Инаку, неколку полицајци се повредени и со полесни повреди се пренесени во болница по судирите со приврзаниците на двата клуба на повеќе локации во градот во текот на целиот ден. Не беа поштедени ниту дел од граѓаните кои се најдоа на патот до хулиганите. Искршени се повеќе автомобили, а материјална штета е направена на повеќе места каде што поминувале хулиганите во нивниот поход.

Локалниот портал „Панорама спорт“ вечерва објави дека група навивачи од Рим, кои цело време биле придружувани од полиција, ја нападнале и зградата на премиерот на Албанија! Во таа прилика тие се однесувале многу агресивно и се обиделе да ги уништат натписите на неа. Ултрасите на римскиот клуб цело време агресивно реагираа на насоките на полицијата која бараше да се воздржат од судири со холандски навивачки групи.

Во тој инцидент, наведените двајца полицајци се повредени и веднаш се пренесени во болница за укажување лекарска помош. По неколку минути полицијата ја презеде ситуацијата, го опколи просторот и ги избрка италијанските навивачи, кои со палки и цврсти предмети претставуваа опасност за минувачите.

На другиот крај на градот, навивачите на Феенорд исто така беа подготвени да се пресметаат со секој што ќе им се најде на патот.

Друг албански медиум објави дека 45-годишен локален жител бил претепан од холандски навивачи затоа што фрлил „Рома“ кон нив.

Натпреварот меѓу Рома и Феенород се игра во среда од 21 часот.