Видовте ли како Дортмунд славеше во ЛШ: Задникот пресуди! (ФОТО)

Фото: tv21m
Одамна не сме имале повозбудлива вечер во Лигата на шампионите од синоќа кога ги видовме сензационалните победи на Милан и Спортинг Лисабон, а во Дортмунд видовме една многу интересна сцена.
Борусија Дортмунд потешко од очекувањата го совлада Штурм Грац со 1:0, а голот беше дело на фудбалер кој влезе од клупата, па натпреварот беше драматичен до самиот крај. Домашните играчи направија многу грешки во текот на целиот натпревар, но на крајот во игра влезе Дониел Мален кој ја искористи големата грешка на одбраната на Штурм. Емануел Аиву погреши, им ја додаде топката на противниците, а тоа го искористија домашните.
Сепак, се чинеше дека Мален беше во недозволена позиција кога ја прими топката од Серхоу Гуираси. Веднаш интервенираше ВАР, по што беше утврдено дека голот е исправен. Причината е задникот на стоперот Димитри Лавале, што е јасно видливо на видеото на ВАР.



