Connect with us

Други спортови

Викендов се одржува Скопје Опен-учествуваат пливачи од 12 земји

Во чест на Градот Скопје, пливачите од 12 земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Италија, Косово, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија) викендов ќе ја брануваат водата  во базенот на 7-миот меѓународен пливачки натпревтар „СКОПЈЕ ОПЕН‟.

Во одлична спортска атмосфера на базенот при Спортски Центар Борис Трајковски, 440 пливачи од 42 клуба ќе се борат за пехарот за најдобар пливач на „Отвореното првенство на град Скопје‟.

Учесниците на Олимписките Игри во Париз: Милош Миленковиќ, Јована Куљача, Хана Беичи заедно со феноменалната турчинка Денизли Суден, италијаните Борсато Алесандро, Веторети Џакомо и Гропо Аличе, учесниците од последниот Светски Куп од Сингапур: Сергеј Трбојевиќ и Давид Вучиќ и одличните јуниори од Србија, Хрватска и Словенија ќе ги одмерат силите пред настапот на претстојното светско првенство на кратки базени во Будимпешта во Декември.

Натпреварот може да се следи во живо на YouTube каналот на Пливачки Клуб Скопје: https://www.youtube.com/channel/UCrCHHHNbgn2Pan1uM03bK2w, а резултатите во европската база за податоци за пливање: https://live.swimrankings.net/41813/ .