Connect with us

Фудбал

Вилијамс ги разочара Барселона и ПСЖ, сакал да го исполни ветувањето кон неговиот брат!

Феноменалниот шпански фудбалер Нико Вилијамс воодушеви со своите настапи на неодамна завршеното Европско првенство каде со одличната игра воодушеви многу великани. Многу големи клубови се обидоа да го доведат во изминатите неколку дена, пред се Барселона и Пари Сен Жермен, но денеска тој ги разочара со својата одлука.

Имено, шпанските медиуми објавија дека Вилијамс одлучил да остане во Атлетик Билбао уште една сезона, а на тоа го убедило неговото семејство. Значајна улога имаше неговиот брат, на кого претходно му вети дека заедно ќе се обидат да го освојат пехарот во Лига Европа во претстојната сезона.

Финалето на ова натпреварување ќе се игра на стадионот на Билбао, а тоа е единствена можност за Баскијците да го покажат пехарот на најдобриот тим пред домашната публика. Договорот на Ник Вилијамс за Билбао е обврзувачки до летото 2027 година, а доколку го продолжи, во него ќе има откупна клаузула бидејќи во спротивно фудбалерот со потекло од Гана нема да стави потпис на нова соработка. На неодамнешното ЕП со Шпанија, Вилијамс стана европски првак, а на шест натпревари постигна два гола и забележа асистенција.