SportM
Фудбал

Винисиус стана газда на фудбалски клуб!

E R18 фев 2025
Винисиус стана газда на фудбалски клуб!

Фото: tv21m

Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор, како и неговиот соиграч од Реал Мадрид, Килијан Мбапе, стана сопственик на фудбалски клуб. Имено, Винисиус стана косопственик на португалскиот второлигаш Алверка откако поранешниот сопственик Рикардо Вицинтин го продаде својот удел.

„ФК Алверка – Футебол објавува дека Рикардо Вицинтин го продаде својот удел во јавното ограничено друштво на група шпански и бразилски инвеститори“, се вели во соопштението на клубот. Новите сопственици, според португалскиот весник Рекорд, ќе бидат претставени во следните неколку недели.

Тие исто така забележуваат дека станува збор за конзорциум од шпански и бразилски инвеститори, меѓу кои и Винисиус Јуниор. Алверка моментално е второпласирана екипа во португалската Втора лига и има добри шанси да стигне до тамошната клупска елита. Да потсетиме, минатото лето Мбапе инвестираше 20 милиони евра во мнозинскиот пакет акции во Каен, кој се натпреварува во француската Втора лига.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.