SportM
Фудбал

Витиња пред Барселона: Не се плашам од Јамал

SPORTM.mk19 окт 2026
Витиња пред Барселона: Не се плашам од Јамал

Играчот за врска на ПСЖ, Витиња, зборуваше пред натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона, изразувајќи почит кон Каталонците и нивните ѕвезди.

За Ламин Јамал: “Не, не се плашам од Јамал. Тој е еден од најдобрите играчи во светот. Тоа што го прави е извонредно. Задоволство е да се игра против такви фудбалери. Сепак, играме против голем тим, не само против Ламин Јамал.”

За „Златната топка“: “Според мене, би било поправедно да ја освои играч на ПСЖ кој има триумфирано во Лигата на шампионите. Кејн, Мбапе, Јамал и Олис имаа одлични сезони, но наградата треба да му припадне на паризиец.”

ПСЖ-Барселона како финале: “Многу е рано да го наречеме финале. Сме во октомври и работите брзо се менуваат. Реалноста од октомври не е истата со таа од март. ПСЖ и Барселона се, заедно со Баерн, меѓу најдобрите тимови во Европа.”

За неговата форма, Витинја рече дека поминува низ добра фаза и се надева дека ќе ја задржи и во овој дуел: “Ќе биде интересно да се види кој ќе го контролира натпреварот. Двата тима сакаат постојано да вршат притисок. Она што сигурно го знам е дека ќе се соочат два големи тима.”

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.