SportM
Фудбал

Влаховиќ и официјално во Бешикташ, Турците „фрлаат“ огромни пари!

SPORTM.mk13 авг 2026
Влаховиќ и официјално во Бешикташ, Турците „фрлаат“ огромни пари!

Душан Влаховиќ повторно останува во „црно-бел“ дрес но овојпат не во Јувентус. Српскиот напаѓач ја прифати понудата на турскиот клуб Бешикташ, кој за да го убеди му понуди тригодишен договор со 10 милиони евра годишно, плус 10 милиони евра бонус во моментот на потпишување.

Влаховиќ ги заврши сите формалности и во 21:30 часот пристигна на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, каде го чекаа многу навивачи.

© X

Збогувањето од Јувентус — Влаховиќ беше еден од најчесто споменуваните имиња на трансфер пазарот, но интересот на многу клубови не се оствари, главно поради економски причини. И заминувањето од Јувентус е поврзано со неговата висока плата.

Сега, од еден црно-бел клуб во друг, Влаховиќ е подготвен да започне ново поглавје и повторно да се соочи со Виктор Осимен, овојпат во истанбулското дерби, а не во Јувентус-Наполи. Можеби на ова ривалство ќе се приклучи и Рафа Леао, за уште една „Серија А“ во турска верзија.

© bjk.com.tr

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.