SportM
Фудбал

„Во преговори сме“, играчот на Баерн на пат кон враќање во Премиер лигата

SPORTM.mk9 авг 2026
„Во преговори сме“, играчот на Баерн на пат кон враќање во Премиер лигата

По неуспешната позајмица минатата сезона во Тотенхем, Жоао Палиња се врати во Баерн ова лето, но привремено, бидејќи португалскиот играч за врска не е дел од плановите на тренерот Винсент Компани.

Иднината на Палиња најверојатно ќе биде повторно во Премиер лигата и овојпат во Астон Вила, клуб со кој ќе има можност да игра во Лигата на шампионите. Сè уште не е познато дали ќе биде конечно продажба или позајмица со обврска или право на откуп.

„Треба ни играч за средината на теренот бидејќи Амаду Она е надвор целата сезона и Жоао Палиња е многу добар играч кој би се вклопил во нашите планови.

Во преговори сме, но моментално нема договор“, рече спортскиот директор на Астон Вила, Дамиан Видагани.

Да потсетиме, Жоао Палиња се пресели во Баерн Минхен од Фулам во 2024 година за речиси 60 милиони евра, но се покажа како вистински неуспех за баварскиот клуб.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.