SportM
Други

ВОЗНЕМИРУВАЧКО-Ова не е за секого, му го смени личниот опис, му нанесе тешки повреди (ВИДЕО)

E R28 јул 2025
ВОЗНЕМИРУВАЧКО-Ова не е за секого, му го смени личниот опис, му нанесе тешки повреди (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Изминатиот викенд се одржа уште еден UFC Fight Night кој понуди многу возбудувања и спектакуларни моменти.
Во главната борба на вечерта се случи големо изненадување – поранешниот шампион во средна категорија и еден од најдобрите борци во таа дивизија, Роберт Витакер, беше поразен од Рајниер де Ридер.

Вечерта ја одбележаа и други силни борби – Петар Јан убедливо го совлада Маркус Мекгеј, додека рускиот борец Шара Магомедов со брутален стил го скрши отпорот на Марк-Андре Барио.

Сепак, борбата која ја украде целата внимателност на публиката и ММА заедницата се случи во прелиминарниот дел од програмата. Станува збор за мечот меѓу Стивен Њуген и Мухамед Јахја, кој заврши со брутална доминација од страна на Њуген.

Американецот со виетнамско потекло буквално го претепа својот противник, соборувајќи го дури шест пати на подот за време на борбата – што претставува нов рекорд во UFC. Претходниот рекорд од пет нокдауни во една борба го држеа Џереми Стивенс и Форест Пец, но Њуген сега ги надмина.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.