По трагедијата во близина на Темишвар, во која загинаа седум навивачи на ПАОК кои патувале на гостување на својот клуб, се појави и снимка од страшната сообраќајка.
Навивачите на ПАОК патувале со комбе кога во еден момент преминале во спротивната лента и директно удриле во камион кој доаѓал од спротивен правец. Навивачите на ПАОК патувале кон Франција за мечот против Лион во четврток.