SportM
Фудбал

За два месеци во Јунајтед остарев 10 години, Аморим за работата на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

E R27 јан 2025
За два месеци во Јунајтед остарев 10 години, Аморим за работата на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Победата над Фулам која фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја постигнаа во Лондон е најдобриот подарок за тренерот Рубен Аморим, кој во неделата на 26 јануари наполни 40 години. Португалецот при неговата изјава по натпреварот на „Крејвин Котиџ“ доби честитка од новинар со забелешка дека животот започнува на 40 години, но поранешниот тренер на Спортинг имаше уште поинтересен одговор:

„Немам 40, имам 50. За два месеци работа во Манчестер Јунајтед  остарев 10 години, но мило ми е што сум тука и што можам да го прославам мојот роденден со овие луѓе“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.