За Комо нема криза, 40 милиони евра за напаѓач!
SPORTM.mk4 авг 2026

Денес Комо го официјализираше трансферот на Тревох Чалоба од Челзи за 30 милиони евра. Следната цел на клубот под водство на Сеск Фабрегас е да го зајакне нападот.
Италијанските медиуми откриваат дека Комо му понудил 40 милиони евра на Фиорентина за трансферот на Моизе Кин, сепак, виолетовиот клуб го одби бидејќи бара 62 милиони евра според клаузулата поставена за заминување на напаѓачот.
Сепак, не се исклучува можноста да се постигне договор меѓу клубовите за цена од 45-50 милиони евра. Да потсетиме дека Комо за првпат во својата историја ќе игра во Лига на шампиони, па затоа е многу активен на пазарот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



