SportM
Фудбал

За прв пат по 15 години укината котизација, Второлигашите нема да плаќаат!

E R19 авг 2025
За прв пат по 15 години укината котизација, Второлигашите нема да плаќаат!

Фото: tv21m

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.

– За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето. Вкупната финансиска сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона, што претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност, соопшти ФФМ.

Во однос на испразнетото место со истапувањето од лигата на Беса,  ФФМ донесе одлука Преспа да биде вклучена во натпреварувањето и на тој начин, да се гарантира заштитата на интегритетот, континуитетот и натпреварувачката рамнотежа, како и доследното почитување на фер-плеј принципите во Втората македонска фудбалска лига.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.