За што жали Алекс Фергусон најмногу: Требаше да го убедам Гвардиола да дојде во Манчестер Јунајтед

Сер Алекс Фергусон продолжува да жали за една можност која можела да ја промени историјата на англискиот фудбал. Во 2012 година, во Њујорк, поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед се сретнал со Пеп Гвардиола, кој освои многу трофеи со Барселона и се подготвуваше да го избере Баерн Минхен како следна дестинација.
Во неговата нова книга, „Игри на мојот живот“, Фергусон раскажува за тој состанок и признава дека требало да делува порано за да го убеди шпанскиот тренер да го преземе водството на Јунајтед. „Требаше да имам и неколку месеци време за да го убедам да го избере црвениот Манчестер“, – е суштината на Фергусоновото жалење, кој со хумор признава дека би му послужил „Тињанело во изобилие“ (престижно италијанско црвено вино) за да го убеди Гвардиола да оди во Јунајтед.
Но, приказната тргна во друг правец. Во 2013 година, Гвардиола се пресели во Германија, додека Фергусон ја заврши кариерата на клупата на Јунајтед, оставајќи го водството на Дејвид Мојес. Неколку години подоцна, Гвардиола пристигна во Премиер лигата, но кај ривалите на Манчестер Сити, со кои изградил една од најдоминирачките екипи во историјата на англискиот фудбал.
Во неговата книга, Фергусон изразува и голема почит кон Гвардиола, истакнувајќи дека Шпанецот знаел како да го преобрази искуството стекнато покрај тренерите како Јохан Кројф, Боби Робсон и Луј ван Гал во извонредна кариера, започната уште од млада возраст.



