SportM
Фудбал

Загубија со 7:0 па им ги вратија парите на навивачите (ФОТО)

E R24 ное 2025
Загубија со 7:0 па им ги вратија парите на навивачите (ФОТО)

Фото: tv21m

По поразот од 0-7 изминатиот викенд, фудбалерите на англискиот шестолигаш Истбурн Боро, одлучија да им ги вратат парите на навивачите за купените билети.

Четириесет и пет навивачи на Истбурн тргнаа на долго патување преку јужниот брег до гратчето Торки во саботата, но веројатно зажалија што не останаа дома, откако нивниот тим претрпе катастрофален пораз.

„По овој неприфатлив резултат, играчите на Истбурн Боро самоиницијативно одлучија да им ги надоместат трошоците за билетите за натпреварот на сите навивачи кои патуваа“, се вели во соопштението на клубот.

Истбурн е на дното на табелата со само две победи на18 натпревари

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.