SportM
Фудбал

Запленети 369 килограми кокаин со ликот на Ерлинг Халанд (ВИДЕО)

Редакција13 авг 2026
Запленети 369 килограми кокаин со ликот на Ерлинг Халанд (ВИДЕО)

Еквадорската полиција соопшти дека запленила пратка со 369 килограми кокаин во близина на границата со Колумбија. Полицајците запреле сомнителен камион, во кој биле пронајдени 370 пакувања со дрога скриени во специјално изменет дел од возилото. На дел од пакетите имало фотографии од норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, трофејот и топка од Светското првенство. Меѓу запленетите пакувања било пронајдено и едно со името и ликот на капитенот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси. Полицијата не соопшти зошто биле користени ликовите на познатите фудбалери, но ваквото означување често го користат шверцерските групи за идентификација на пратките. Возачот на камионот е уапсен, а акцијата е спроведена во близина на градот Тулкан, на границата со Колумбија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.