SportM
Фудбал

Запомнете го името Руни Бардги: Барселона донесе чудо од дете родено во Кувајт

E R23 јун 2025
Запомнете го името Руни Бардги: Барселона донесе чудо од дете родено во Кувајт

Фото: tv21m

Барселона го обезбеди потписот на суперталентираниот напаѓач Руни Бардги од данскиот клуб Копенхаген, објави Фабрицио Романо.

Шведското чудо од дете Бардги (19) ќе стане нов фудбалер на Барселона на почетокот на јули, а фудбалерот кој игра и на позицијата десно крило ќе пристигне на „Камп Ноу“ за само 2 милиони евра со одредени бонуси.

Бардги, кој е роден во Кувајт, има и шведско и сириско државјанство, а како 15-годишник решил да игра за Шведска, прифаќајќи повик во репрезентацијата до 17 години, за која постигнал 5 гола на 6 натпревари. На само 16 години, тој играл за репрезентацијата до 21 година на Шведска и постигнал 2 гола на 9 натпревари, а веќе е сериозен кандидат за своето деби во сениорската репрезентација. Тој пристигна во Копенхаген во 2020 година и оттогаш постигнал 15 гола на 82 настапи во сите натпреварувања, а се очекува да се приклучи на Барселона на почетокот од подготовките за претстојната сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.