Фудбал
Заработката на играчите во Шпанија тотално ќе ве изненади: Мбапе е само трет, Каталонците се на врвот
Килијан Мбапе дефинитивно е најголемата ѕвезда на преодниот рок откако го замени дресот на Пари Сен Жермен за Реал, но интересно е што Французинот не е најплатениот играч во шпанскиот фудбал.
Килијан Мбапе пристигна во Реал Мадрид бесплатно бидејќи летово му истече договорот со ПСЖ, што му отвори можност да добие огромна плата. Сепак, двајца фудбалери имаат поголема плата од него во елитниот шпански фудбал.
❗️Frenkie de Jong and Lewandowski will earn more salary at Barça than Kylian Mbappé at Real Madrid.
— @90minFR pic.twitter.com/RFzkXbHO6s
— Madrid Universal (@MadridUniversal) July 20, 2024
Одличниот француски крилен напаѓач под договор со Реал Мадрид ќе добива 31,2 милиони евра годишно, што е доволно за „само“ трето место на листата на најплатени фудбалери во лигата. Изненадувачки, двајца фудбалери на Барселона заработуваат повеќе од Мбапе. Станува збор за Роберт Левандовски со годишна плата од 33,5 милиони евра, а најголемото изненадување на листата Френки Де Јонг кој во Барселона заработува неверојатни 37,5 милиони евра. Изненадување е бидејќи Барселона со години е во сериозни финансиски проблеми што резултираше со одредени ограничувања при доведување фудбалери.