Збогум Арсенал! Мартинели претставен официјално во Ал-Хилал. Еве ги деталите
SPORTM.mk4 сеп 2026

По цели 7 години, Габриел Мартинели го напушта Арсенал и се трансферира во Саудиска Арабија, во Ал-Хилал. Арсенал заработи 60 милиони фунти од овој потег.
Договорот исто така вклучува клаузула за продажба, со што “топџиите” ќе имаат корист од секое идно префрлање кое го вклучува крилото.
Иако сè уште не е познато, се вели дека платата што ќе ја добие бразилецот во Ал-Хилал е најмалку двојно поголема од онаа што ја добиваше во Арсенал.
“Горд сум што сум во син дрес, горд што сум во Ал-Хилал”, се првите зборови на бразилецот за време на претставувањето во новиот клуб. За Мартинели имаше и конкретен интерес од Галатасарај, кој понуди 40 милиони фунти, но на крајот играчот и Арсенал ја избраа најдобрата понуда која дојде од Ал-Хилал.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



