SportM
Фудбал

Збогум Серија А и Европа! Мората кон „американскиот сон“, но сè уште зависи од… Лукаку

SPORTM.mk8 авг 2026
Збогум Серија А и Европа! Мората кон „американскиот сон“, но сè уште зависи од… Лукаку

Американците од Атланта Јунајтед сакаат да го засилат нападот и сметаат дека го нашле профилот што го бараат во Серија А. Првата желба на клубот од МЛС е Ромелу Лукаку, но Белгиецот е блиску до трансфер во Фенербахче за 10 милиони евра.

Во оваа ситуација, раководството на Атланта преминува во „напад“ за Алваро Мората. Поранешниот напаѓач на Јувентус, Челси и Реал Мадрид не успеа да постигне гол во Серија А минатата сезона.

Тој ќе наполни 34 години во октомври и беше трансфериран во Комо во форма на заем со обврска за откуп од Милан за околу 10-12 милиони евра.

Се уште не се познати деталите од понудата на американскиот клуб за шпанскиот напаѓач и Комо, но не се очекува клубот од Серија А да постави некои проблеми.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.