Connect with us

Фудбал

Згасна италијански клуб со 113 годишна традиција, минатата година освоија трофеј!

Италијанскиот фудбал беше потресен од тажната вест за гасењето на Римини, фудбалски клуб со 113 години традиција и клуб кој најчесто се натпреварувал меѓу вториот и третиот ранг на италијанскиот фудбал.

Римини 1912 е основан пред 113 години, а низ историјата имал и златни периоди, најмногу во осумдесеттите години на минатиот век. Играл во Серија Б и дал неколку големи фудбалери кои го воспоставиле името и во Серија А.

Римини минатото лето славеше голем успех и освојување на трофејот Coppa Italia Serie C. Но, само неколку месеци подоцна, клубот беше затворен преку ликвидација, откако во своите финансиски извештаи пријавил загуба поголема од четири милиони евра.

Клубот до пред две недели се натпреваруваше во третиот ранг на италијанскиот фудбал, а сега се одлучи на доброволна ликвидација и престана со натпреварување.

Клубот  сега е распуштен и прашање е каква иднина го очекува. Во овој клуб некогаш, пред Интер, бранеше и славниот словенечки голман Самир Хандановиќ.

Исто така, Римини е познат и по фактот што од клупата го водеше еден од најголемите италијански и европски стручњаци на сите времиња, Ариго Саки.