SportM
Фудбал

Жозе Мурињо реагира на последниот „скандал“ со Раул Асенсио: Не сум задоволен

SPORTM.mk3 сеп 2026
Жозе Мурињо реагира на последниот „скандал“ со Раул Асенсио: Не сум задоволен

На прес-конференцијата пред натпреварот со Реал Бетис, Жозе Мурињо не можеше да избегне прашањата во врска со последната случка каде што главен лик е Раул Асенсио, кој бил фатен пијан додека управувал со возило. Младиот играч го загуби возачкото право за 8 месеци.

„Што почувствувавте кога го дознавте веста за казнувањето на Асенсио? Тој беше речиси четири пати над законскиот лимит за алкохол…”, беше прашањето упатено до Мурињо.

„Разговарав со него кога пристигнав. Го направив тоа во врска со прашања од минатото. И од тој момент, не сум разговарал повеќе со него. Не дискутирам повеќе за ситуации што се случуваат надвор од Валдебебас. Затоа што внатре, тој е вистински професионалец. Кога е во форма, никој не се тренира повеќе или подобро од него. Сега кога е повреден, тој е првиот што доаѓа и последниот што си заминува. Екстремна посветеност.

Тоа што го правиш надвор од тренингот може да го оштети твојот и угледот на клубот. Не сум задоволен. Но, сите правиме грешки. Кога тие ќе се насоберат, тоа е друга приказна”, одговори Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.