Connect with us

Други спортови

ЖРК Куманово поразен во скандалозен натпревар во Битола

Женскиот ракометен тим од Куманово го одигра најтешкиот натпревар оваа сезона во женската супер лига на Македонија. На теренот гостинските ракометарки се бореа против 7 домашни ракометарки потпомогнати од судиската двојка од Прилеп.

Очигледните пробивања, голови постигнати со чекор повеќе, досудени непостоечки седмерци за ЖРК Пелистер беа толерирани уште од самиот почеток на натпреварот меѓутоа кумановки го издржаа псилошкиот притисок во првото полувреме и заминаа со водство од 14:15. Тренерот на ЖРК Куманово Ивановски заработи жолт картон кога беше постигнат гол од „5 метри“ со очигледен престап.

Второто полувреме повторно на сцена стапи судиската двојка кога со неколку исклучувања на гостинските ракометарки успеа да направи резултатски пресврт, а со тоа успеа и да изврши психолошки притисок кај ракометарките ЖРК Куманово кои што промашија неколку зицери.

Натпреварот заврши со резултат 33:23 за домашниот тим.

Следуваат два натпревари на гостински терен против екипата на МКС ПЕРЛА ЛУБЛИН во Полска во недела (12.11.2017 година) и понеделник (13.11.2017 година) од 18:30 часот.