SportM
Други

Зидан не се кае: Подобро да умрам отколку да му се извинам на злобен човек (Матераци)

SPORTM.mk31 авг 2026
Зидан не се кае: Подобро да умрам отколку да му се извинам на злобен човек (Матераци)

Пред некое време, Зинедин Зидан отворено зборуваше за епизодата што го потресе финалето на Светското првенство во 2006 година, кога беше казнет со црвен картон по ударот на Марко Матераци: „Да се помирам со Матераци? Подобро да умрам отколку да му се извинам на злобен човек. Јасно е дека ми е жал, но ако се извинам, би прифатил дека она што го направи тој е нормално.

И за мене тоа не беше нормално. На теренот се случуваат многу работи, не беше првпат да се наоѓам во слична ситуација, но тогаш не можев да издржам. Бидејќи, нема оправдување за мене, мајка ми беше болна. Беше во болница и луѓето не го знаеја тоа. За мене беше тежок момент. Многупати за време на кариерата ми ја навредуваа мајката и никогаш не одговорив. Но тогаш… тогаш одговорив. И да му се извинам нему…

Ако беше Кака, нормален човек, добра личност, сигурно ќе му се извинев. Но нему не. Ако му се извинам, би покажал непочитување кон себе и кон сите луѓе што ги чувам во срцето. Се извинувам на фудбалот, навивачите, тимот, за ова да. По натпреварот влегов во соблекувалната и реков: ‘Простете ми. Знам дека ова не менува ништо, но ви се извинувам на сите’.

Но нему не можам да му се извинам. Никогаш, никогаш, тоа би било како да се обесчестам себеси, подобро да умрам. На младите треба да им се каже дека може да се игра на поплеменит начин. На теренот може да се случат непријатни работи, но фудбалот е спорт и не треба да има понижувања. Јас зборував малку, но им ги кажував некои работи на противниците, зависно од луѓето што ги имав пред себе.

Има противници кои се без сомнение многу пријатни, кои се шегуваат, кои те засмеваат. Но низ светот има и злобни луѓе. И тие луѓе не сакам да ги слушам како зборуваат. Што можат да ми кажат? За време на мојата кариера сум сретнал забавни противници, пријатни судии и соиграчи кои ме насмеваа секој ден. Како Роналдо, тој беше Феномен во секоја смисла”.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.