SportM
Фудбал

Златан Ибрахимовиќ ги налути Босанците (ВИДЕО)

Редакција12 јун 2026
Златан Ибрахимовиќ ги налути Босанците (ВИДЕО)

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ беше гостин на телевизијата „Фокс“ пред почетокот на Светското првенство во фудбал. Тој беше запрашан која група му изгледа најинтересна од сите, па без многу двоумење ја избра групата „Л“ – можеби и најсилната на целиот турнир.

Во неа се наоѓаат Англија, Хрватска, Гана и Панама. Потоа Ибрахимовиќ објасни дека му се допаѓа затоа што има и „потекло од Хрватска“. Од друга страна, не се осврна на Босна и Херцеговина, од каде што по потекло е неговиот татко Шефик.

„Ја бирам групата Л. Тука е Англија…“, рече Ибрахимовиќ, повикувајќи се на веќе познатиот слоган „It’s coming home“.

„Хм, да видиме… Тука е и Хрватска, а имам и некои корени од Хрватска, па затоа навивам за нив на овој турнир. Потоа тука има и големи таленти, па да видиме што можат да покажат.“

Инаку, не требаше долго време за неговата изјава да се прошири на социјалните мрежи, по што веднаш започнаа расправии и меѓусебни препукувања.

„Зарем не е од БиХ?“, „Ќе направи сè само да заборави дека татко му е Бошњак“, „Мајка му е од Хрватска и ја почитува мајка си, но тогаш почитувај го и татко ти од БиХ“, беа само дел од коментарите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.