SportM
Фудбал

Ѕола: Марадона ме гледаше како негов наследник. Се обидов, но беше невозможно

SPORTM.mk11 сеп 2026
Ѕола: Марадона ме гледаше како негов наследник. Се обидов, но беше невозможно

Џанфранко Ѕола, поранешниот напаѓач на Каљари, Парма, Наполи и Челзи, раскажа за „Гуерин Спортиво“ за неговиот однос со Дијего Марадона: „Дијего многу ми помогна, ме гледаше како негов наследник. Знаев дека никој не може да го повтори она што го направи тој, но дадов се од себе. Не беше едноставна штафета, сепак луѓето ме сакаа…“

Поврзаноста со Наполи: „Тие беа многу поврзани со мене и јас со нив. На почеток мислеа дека заминувам. Вистината беше поинаква: клубот беше во финансиски потешкотии и, покрај мене, беа продадени и Ферара, Фонсека и други. Веднаш ја објаснив ситуацијата дека тоа не беше моја одлука. Јас го сакав (го сакам) Наполи и Наполи продолжи да ме сака“.

За Парма и Челзи: „Во Парма не беше лесно. По некое време играв повеќе како напаѓач со Асприља и работите се подобрија. Бев поблиску до голот, постигнав многу голови и го израмнив мојот рекорд во Серија А. По три и пол години се укажа можност за Челзи. Да започнеш одново на 30 години не е лесно, но сѐ зависи од мотивацијата“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.