SportM
Фудбал

Зошто Родри не дојде во Реал Мадрид, Мурињо ја откри другата страна од вистината (ВИДЕО)

Редакција19 авг 2026
Зошто Родри не дојде во Реал Мадрид, Мурињо ја откри другата страна од вистината (ВИДЕО)

Трансферот на шпанскиот играч за врска Родри ова лето е една од главните теми во фудбалската јавност, бидејќи тој беше меѓу Реал Мадрид и Барселона, а на крајот заврши во редовите на каталонскиот тим.

Пред неколку недели Родри беше многу блиску до трансфер во редовите на „Кралскиот клуб“, но потоа следуваше голем пресврт и тој заврши кај најлутиот ривал на Реал – Барселона.

Потоа многу се шпекулираше за причините поради кои пропадна договорот со Реал Мадрид. Некои инсајдери тврдеа дека мадридскиот клуб се двоумел и ја пропуштил можноста да го заврши трансферот, но Жозе Мурињо сега ја изнесе другата страна на приказната.

Како што изјави Мурињо, тој се откажал од трансферот на Родри бидејќи играчот се двоумел каде да ја продолжи кариерата.

„Да, разговарав со Родри неколку пати. Реал Мадрид му даде многу добра понуда. Мислам дека односот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити е многу добар. Клубот, дури и без преговори со Сити, имаше контакти со него и му ја даде таа понуда. Сепак, Родри имаше сомнежи, се двоумеше. Она што мислам дека се случи – и зборувам во свое име – е дека неговите сомнежи создадоа сомнежи и кај мене“, изјави Мурињо во интервју за „Ел Чирингито“.

Тој истакна дека Родри бил коректен.

„Тој е извонреден играч и беше многу коректен кон нас, немам апсолутно ништо негативно да кажам за него. Но, мислам дека Реал Мадрид е клуб од таков калибар што не може да има играчи кои ќе размислуваат двапати. Кога ќе стапиш во контакт со нив, играчот едноставно треба да те праша: ‘Кога треба да дојдам?’ Тоа е отприлика тој концепт“, вели Мурињо во свој стил.

Родри на крајот во вторникот навечер беше претставен како нов играч на Барселона, која на Манчестер Сити му плати 60 милиони евра фиксна отштета, додека дополнителни 11 милиони евра би можела да плати преку бонуси.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.