Зверев го обезбеди второто коло на УС Опен, се квалификуваа и Мусети, Осака и Путинцева
SPORTM.mk2 сеп 2026

Денес завршија натпреварите од првото коло на гренд слемот УС Опен. Германскиот тенисер Александер Зверев, број 2 во светот, со тешкотија победи 3-2 (6-4, 3-6, 6-7, 7-5, 6-4) против Италијанецот Лоренцо Сонего.
Во второто коло се квалификуваа и Французинот Гаел Монфис, Италијанците Матија Белучи и Лоренцо Мусети, Американецот Тејлор Фриц, Аргентинецот Франциско Черундоло и Германецот Јан-Ленард Штруф.
Кај жените, јапонската тенисерка Наоми Осака победи 2-0 (7-6, 7-6) против Анастасија Захарова. Место во наредното коло обезбедија и Русинката Анастасија Потапова, Белгијката Елис Мертенс и Казахстанката Јулија Путинцева.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



