SportM
Фудбал

Ѕвездата на Милан постигна гол за САД и танцуваше во стилот на Трамп (ВИДЕО)

E R19 ное 2024
Ѕвездата на Милан постигна гол за САД и танцуваше во стилот на Трамп (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Американскиот фудбалер за врска Кристијан Пулишиќ со „танцот на Трамп“ славеше постигнат гол ноќеска за репрезентацијата против Јамајка (4:2) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации во КОНКАКАФ.

Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач погоди во 14. минута. По голот Пулишиќ танцуваше во стилот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Репрезентацијата на САД во Сент Луис, ја победи Јамајка со вкупни 5:2 и се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации КОНКАКАФ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.