147 навивачи на Ајакс и АЕК се уапсени поради немири

Фото: Soccer Football – Europa League – Play-Off Second Leg – 1. FC Union Berlin v Ajax Amsterdam – Stadion An der Alten Forsterei, Berlin, Germany – February 23, 2023 General view of 1. FC Union Berlin fans with flares in the stands before the match REUTERS/Annegret Hilse – UP1EJ2N1KEBGG
Во четвртокот полицијата во Амстердам уапси 147 лица, од кои 140 навивачи на Ајакс, по тепачка во метрото и судир меѓу приврзаниците на Ајакс и АЕК Атина.
Сите тие се уапсени за вандализам во метрото на станицата Весперплеин. Полицијата соопшти дека на лице место била интервентна единица. Пред инцидентот во метрото, приврзаниците на Ајакс се судрија со полицијата која употреби палки во центарот на градот.
Освен тој инцидент, според полицијата, во центарот било мирно и благодарение на присуството на бројни полицајци.
Што се однесува до судирот во метрото, тоа се случило кога на станицата во исто време застанале возовите во кои одвоено патувале навивачи на двата тима. Со безбедносни мерки полицијата ги спроведе навивачите на АЕК до стадионот.
Фатима Туга, која пред полицијата беше задолжена за одржување на редот пред, за време и по натпреварот, оцени дека ваквите настани се неприфатливи.
Инциденти имаше и на самиот стадион, каде група грчки навивачи го нападнаа обезбедувањето, веднаш по завршувањето на натпреварот беа уапсени навивачи на АЕК. Лица од обезбедувањето се здобија со повреди и поради тоа ќе поднесат тужби против навивачите на тимот од Атина.
Уапсени се и неколку навивачи на АЕК бидејќи биле пијани на јавно место и ја навредувале полицијата.
Ајакс успеа да избори пласман во Конференциската лига.



