SportM
Фудбал

56 милиони евра не го убедуваат Артета, Атлетико Мадрид и Јувентус со погледите кон Лондон

SPORTM.mk14 сеп 2026
56 милиони евра не го убедуваат Артета, Атлетико Мадрид и Јувентус со погледите кон Лондон

Иднината на Нони Мадуеке во Арсенал не е воопшто сигурна. Напаѓачот на десната страна има одиграно само 100 минути вкупно досега во овој почетен дел од сезоната. Тој започна како стартер само во финалето на Комјунити Шилд против Манчестер Сити, а во останатите натпревари е активиран како замена.

Caught Offside открива дека Мадуеке, кој беше трансфериран со многу бучава од Челси во 2025 година за 56 милиони евра, повеќе не е омилен кај Микел Артета и ако неговата ситуација не се подобри во иднина, Англичанецот може да замине за време на трансферот во јануари.

Според извештајот, досега се најмалку два големи клуба кои се заинтересирани за 24-годишниот, Атлетико Мадрид и Јувентус. Двата клуба се отворени за позајмица со право на откуп на крилниот играч за време на зимскиот трансфер-период.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.