Адам Траоре на лекарските прегледи покажа каква машина доби Барселона
Д М30 јан 2022

Адам Траоре по речиси седум години реши да се врати во Барселона.
Од каталонскиот клуб вечерва потврдија дека Траоре е нов играч на овој клуб, и дека до крајот на сезоната пристигна на позајмица од Вулверхемптон.
Барселона ќе има опција на крајот од сезоната да го откупи неговиот договор од англискиот клуб за 30 милиони евра.
Траоре денеска успешно ги помина лекарските прегледи, по што потпиша договор. Во овие седум години тој физички се промени многу бидејќи стана вистински ѕвер, а тоа денеска го покажа повторно.

26-годишниот фудбалер при лекарските прегледи ги воодушеви сите со мускулите, а со гордост покажа каква машина доби Барселона.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



