SportM
Фудбал

Адам Траоре се врати во Барселона!

Д М29 јан 2022
Адам Траоре се врати во Барселона!

Барселона вечерва и официјално потврди дека Адам Траоре се вратил во клубот.

Траоре се појави во дресот на Барселона и имаше неколку настапи во првиот тим, но пред неколку години реши да го напушти „Камп Ноу“ бидејќи немаше доволно простор за игра.

Во претходните сезони играше во одлична форма во дресот на Вулверхемптон, и повторно го привлече вниманието на челниците на каталонскиот клуб.

Барселона изненадувачки реши повторно да стапи во контакт со Траоре и да му понуди нова шанса во првиот тим, што овој фудбалер веднаш ја прифати. Барса и Волците експресно постигнаа договор, а вечерва е официјализирано неговото враќање на Камп Ноу.

Каталонскиот клуб потврди дека Траоре до крајот на оваа сезона ќе игра во Барселона како позајмен, а ќе има можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра од Вулверхемптон.

Адам значително си ја намали платата за да се врати во Барселона и клубот да го регистрира, што доволно покажува колку сака конечно да се покаже во дресот на клубот во кој израснал.
 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.