SportM
Тајм аут

Африкански врач ја исполнил мисијата и ја „симнал клетвата“ од Хари Кејн: Го ослободив, сега може да постигне гол против Панама (ВИДЕО)

Редакција24 јун 2026
Африкански врач ја исполнил мисијата и ја „симнал клетвата“ од Хари Кејн: Го ослободив, сега може да постигне гол против Панама (ВИДЕО)

Хари Кејн на мечот со Гана (0:0) во последните минути имше фантастична шанса, но од само неколку метри шутираше високо над голот и тоа од позиција од каде често погодува со „затворени очи“.


Но, веројатно сега ја дознавме причината зошто Кејн не постигна гол против Гана.

Познатиот традиционален исцелител и врач од Гана, Нана Кваку Бонсан, изјави дека ја исполнил својата мисија и ја „симнал клетвата“ од капитенот на Англија.

Бонсам, кој и претходно привлекуваше внимание со слични тврдења пред големи турнири, пред натпреварот меѓу Гана и Англија изјави дека фрлил клетва врз Кејн. Тој тврдеше дека не сака сериозна повреда, туку само да го спречи англискиот напаѓач да одигра добро против неговата земја.

Кејн навистина не се прослави на натпреварот против Гана и пропушти голема шанса за победа, по што Бонсам изјави дека токму неговата „клетва“ била причината за тоа. По натпреварот тој сними видео во кое симболично ја „отстранува клетвата“.

„Јас сум најмоќниот врач на светот. Сега ќе го ослободам Хари Кејн за да може да постигне гол на следниот натпревар на Англија“, изјави Бонсам.

Англија во последното коло ќе игра против Панама на 27 јуни.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.