Часовникот на Хари Кејн кој го привлече вниманието на цереномијата за „Златна топка“

Хари Кејн не привлече внимание на церемонијата за „Златна топка“ само поради своите фудбалски достигнувања.
Капитенот на Англија се истакна и со својот изглед, носејќи реток часовник кој ја облагороди најважната вечер во неговата кариера.
Напаѓачот на Баерн Минхен пристигна во театарот „Лондон Паладиум“ во понеделник вечер, заедно со својата сопруга Кејт Гудленд, носејќи часовник „Rolex Cosmograph Daytona“ со сина сафирна изработка – еден од најретките и најлуксузните модели на познатата швајцарска марка.
Францускиот сајт „Foot Mercato“, повикувајќи се на британскиот весник „The Sun“, ја проценува вредноста на часовникот на околу еден милион фунти, што одговара на приближно 1,15 милиони евра.
Часовникот се издвојува со извонреден дизајн, комбинирајќи поле од метеорски камен со рамка украсена со сини сафири, што го прави еден од најуникатните и најпривлечните меѓу луксузните изданија на „Rolex“.
Поврзани вести

Лео Меси, засекогаш на неговата кожа… Потписот на аргентинската ѕвезда, фан го претвори во тетоважа

Сопругата на поранешната ѕвезда на Милан: Среќна сум во Саудиска Арабија, тука за кражба ти ја сечат раката!

