Ќе се судрат во рингот, а на соочувањето пред двобојот ги шокираа сите: Страсни бакнежи пред камерите (ВИДЕО)

Чешките инфлуенсерки Тереза Осладиљова и Ангели „Енџи“ Мангомбе ќе ги одмерат силите на настанот Clash 17, закажан за 24 октомври во Усти над Лабем. Најавата за нивната борба привлече големо внимание по необичното соочување на прес-конференцијата.
Според чешките медиуми, настанот бил проследен со турканици, летале јајца и шлаг, а обезбедувањето морало да интервенира. Во целата мешаница, двете ривалки изненадија со страстен бакнеж пред присутните фотографи. Осладиљова, позната како Osladinda, досега има една борба во организацијата Clash. На настанот Clash 15 во Брно таа ја победи Доминика Хоракова со технички нокаут во втората рунда.
Tereza Osladilova will try to improve her record to 2-0 against the always dangerous Angeli Mangombe at CLASH 17 in Czechia https://t.co/KA61nicSq5
— Matysek (@Matysek88) September 14, 2026
Мангомбе е манекенка и инфлуенсерка со потекло од Ангола, која на чешката јавност ѝ стана позната преку реални шоуа. Во досегашните пет борби во Clash има две победи, два пораза и едно реми. Особено внимание привлече и нејзиниот настап против Доминика Елишерова, кога откри дека влегла во борбата бремена. Сега двете инфлуенсерки повторно ќе бидат во центарот на вниманието, а останува да се види дали спектаклот ќе продолжи и во рингот.



