Мануел Ноер побарал развод од сопругата само неколку дена по породувањето, а сега виден во Бразил со нова девојка!

Мануел Нојер ѝ соопштил на сопругата Аника дека не сака да го продолжи бракот само неколку дена по раѓањето на нивниот втор син, пишува германскиот весник „Билд“. Истиот весник тврди дека 23-годишната жена со која капитенот на Баерн бил забележан во Бразил е неговата физиотерапевтка.
Според пишувањето на „Билд“, вториот син на двојката се родил кон крајот на август, а Нојер по разговорот со сопругата се иселил од нивниот заеднички дом покрај езерото Тегернзе. Аника, како што наведува весникот повикувајќи се на нејзиното опкружување, останала во куќата со децата и бара нов дом во Гринвалд, во близина на Минхен.
Заедно и на Сицилија
„Билд“ тврди дека Нојер не бил со истата жена само во Бразил. Кон крајот на септември, за време на паузата во Бундеслигата поради репрезентативните натпревари, тие престојувале и на Сицилија.
Фотографии од тоа патување, на почетокот на октомври, објавила „Bee Gold“ од местото Пачино на социјалните мрежи, пренесува австрискиот портал „Heute“.
Според „Билд“, нивната врска веќе со месеци не е само професионална. Аника за патувањето на Сицилија дознала од фотографиите и, како што пишува весникот, сè уште е во шок.
Се врати од Бразил
Нојер (40) во изминатите денови престојувал во бразилското летувалиште Бузиос, каде што бил фотографиран во друштво на млада жена.
На патувањето заминал со дозвола од Баерн, за време на паузата предизвикана од повреда на стапалото, а германските медиуми пишуваат дека во меѓувреме се вратил во Минхен.
Приказната предизвика бурни реакции во Германија. Советничката за партнерски односи Рут Марквард на Инстаграм го критикувала Нојер поради моментот во кој одлучил да ја прекине врската.
Нејзиното видео, според пишувањето на порталот „ran.de“, го лајкнале Лина Кимих, сопругата на соиграчот на Нојер, Џошуа Кимих, и Ан-Катрин Геце, сопругата на Марио Геце.
Нојер засега не сака да ги коментира пишувањата на медиумите, а ниту Аника не ги коментирала наводите.
Двојката се венчала во ноември 2023 година.



