Кристијано Роналдо дебитира во светот на телевизиските серии, почнува со снимањето на првиот проект „Day 1s“

Кристијано Роналдо ја проширува својата активност и надвор од фудбалот. Португалската ѕвезда најави почеток на снимањето на неговата прва телевизиска серија, со наслов „Day 1s“. „Нова возбудлива авантура, започна продукцијата на мојата прва телевизиска серија, ‘Day 1s’. Наскоро ќе има повеќе информации“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Серијата ќе обработува теми од светот на британските спортски агенти. Снимањето е започнато во Лондон и е реализирано од „UR Marv Studios“, компанија поврзана со проектите на Португалецот. Сѐ уште не е објавен датумот на објавување и платформата каде ќе се емитува.
Во списокот на актери се издвојува британецот Демијан Луис, кој ќе ја толкува улогата на Стенли Далтон, спортски агент што е во центарот на приказната. Дел од проектот ќе бидат и Тјери Анри и британскиот рапер Дејв, кој се појавува уште во првата епизода. И Роналдо ќе биде дел од серијата, но неговата улога сѐ уште не е откриена.



