Connect with us

Фудбал

Африканскиот циркус продолжува: Ја пропуштија химната, па сфатија дека ја немаат на разглас, играчите останаа во шок (ВИДЕО)

Африканскиот циркус во Камерун продолжува.

Натпреварот од Купот на Африканските нации меѓу Мавританија и Гамбија доцнеше 40 минути поради скандалот околу натпреварот Мали – Тунис, но тоа не е крајот.

Пред почетокот на мечот во Лимбеу, домаќинот ја пропушти химната на Мавританија.

Прво свиреше композиција која воопшто не е химна, а потоа ја пуштија химната на погрешна држава.

Неверојатен скандал во Камерун каде организаторите очигледно го загубија компасот, а ова првенство станува се поинтересно, но поради некои други работи кои немаат врска со фудбалот.

Фудбалерите на Мавританија стоеја во центарот на теренот и чекаа да се интонира химната, но домаќинот не успеа да ја најде химната на Мавританија на разгласот и се слушаше само химната на нивните противници на репрезентацијата на Гамбија.

Реклама

Facebook

Реклама