Африканците подобри од репрезентации како Хрватска и Белгија.

Репрезентацијата на Мароко брзо дојде во водство.
Некомуникација помеѓу Борјан и одбраната, голманот на Црвена звезда прави голема грешка при шутирањето – топката стигнува до Зијех, кој без многу мака ја погодува небранетата мрежа. „Лавовите од Атлас“ дојдоа до водство од 4. минута.
Дваесет минути подоцна африканската репрезентација го удвои водството. Ен Несири одлично нападна, офанзивецот на Севиља го измами Борјан, кој прими гол – 2:0 во 23. минута .
Канаѓаните успеаја да ја намалат негативата пред полувремето. Остар центаршут од левата страна, несреќниот Агерд ја испраќа топката зад својот голман. Автогол на Мароканците за 2:1 во 40. минута.
Ен Несири можеше да го постигне својот втор гол на натпреварот во судиското надополнување. Зијех нафрли, Несири реагираше по прекинот и постигнува гол, но ВАР технологијата одреди офсајд.
Второто полувреме започна помирно, а потоа ја видовме пречката на Канаѓанецот. По ударот, Хачинсон со глава ја погодува пречката, топката остана на линијата – Мароканците со многу среќа ја зачуваа предноста.
Мароканците вечерашниот исход во групата Е го чекаат од врвот на табелата, ќе видиме кој ќе ги одмери силите со „лавовите од Атлас“.



