SportM
Фудбал

Агентот на Ловрен во Италија го завршува неговиот трансферот

Д М15 јун 2019
Агентот на Ловрен во Италија го завршува неговиот трансферот

Дејан Ловрен можел да ја продолжи кариерата во Италија, бидејки се работи на неговиот трансфер во Милано.

Милан вчера официјално ги претстави Паоло Малдини и Звонимир Бобан на директорските позиции, а Џампаоло наскоро ќе стане нов тренер. Во меѓувреме, се прават и трансфери.

Очигледно е дека тие ќе бидат кога станува збор за Милан, а еден од приоритетите е доведување на стопер. Во моментов, доаѓањето на Ловрен според „Дејли Стар“ е во тек, неговиот агент е во Милано за да ја заврши работата.

Ловрен оваа сезона немаше многу простор за игра покрај Матип и Ван Дајк, но добро играше кога ќе се појавеше можност и откако ја освои Лигата на шампионите, тој е подготвен за промени.

Во Милано, му е загарантирано почетно место, само Милан треба да ги почитува неговите лични барања и да се обиде да му плати барем колку што англискиот клуб го плаќа.

Ливерпул се подготвени да ослободат, но за сега не се спомнуваат бројки.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.