Агентот на Мората имал успешни разговори со Манчестер јунајтед
Д М11 авг 2022

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората би можел да се приклучи на Манчестер јунајтед. Како што објави новинарот Николо Шира, првите преговори на премиерлигашот со агентот на 29-годишниот Шпанец биле успешни.
Се забележува дека мадридскиот клуб може да го продаде напаѓачот само откако ќе потпише друг играч на неговата позиција.
Да потсетиме дека Мората последните две сезони ги помина на позајмица во Јувентус.
На 67 натпревари во Серија А, Мората мината сезона постигна 20 гола и беше творец на 16 асистенции.
Неговиот договор со Атлетико Мадрид е со важност 30 јуни 2023 година.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



