Агуеро бара да замине, во новиот клуб веќе го чека „десетката“

Манчестер Сити би можел да го загуби Серхио Агуеро на крајот на сезоната, јавуваат британските медиуми.
Искусниот напаѓач има договор со граѓаните до 2021 година, меѓутоа, на Островот тврдат дека Агуеро е близу до одлучување да побара трансфер и дека соработката би можела да заврши порано од очекуваното.
Агуеро се чувствува заситен и одби да го продолжи договорот уште порано, а се повеќе беше сигурно дека неговото враќање во Аргентина ќе се реализира една година порано.
Фудбалерот на Манчестер Сити, наводно, му дал збор на Индипендиенте во кој ја започна својата кариера и денес ја тренира неговиот пријател и поранешен соиграч Лукас Пусинери, кој вчера изјави дека веќе ја спреми „десетката“ за Агуеро.
“Јас бев соиграч на Агуеро и се надевам дека ќе бидам негов тренер наскоро. Го задржуваме бројот 10 за него”, рече Пусинери, не криејќи колку е воодушевен тој ако се реализира трансферот.
Малку е веројатно дека ќе можат да сметаат на некои големи компензации во „Етихад“ и нема да им биде лесно да најдат соодветна замена. Лоутаро Мартинез е на списокот со желби и плаќањето за клаузулата е логична опција, но Барселона е подготвена и за тоа, на што Аргентинецот повеќе сака да игра со Лионел Меси.



