Агуеро бесен на Барселона, веќе испланира каде ќе оди во зимскиот преоден рок

Серхио Агуеро имаше голема желба да дојде во Барселона и да игра со Лионел Меси. Неговата желба беше делумно исполнета, тој пристигна на Камп Ноу, но кратко потоа Лионел Меси замина во ПСЖ.
Навистина, Агуеро веќе имаше можност да игра со Меси во аргентинската репрезентација, но токму на покана на Меси дојде ова лето во Барселона откако му истече договорот со Манчестер Сити.
Сега напаѓачот не е задоволен од ситуацијата и има план да ја напушти Барселона на зима, а шпанскиот новинар Фил Китромилидес дури објави каде Агуеро ќе ја продолжи кариерата.
Имено, тој тврди дека за време на зимскиот преоден рок, Агуеро ќе замине во некој од тимовите на МЛС.
Аргентинецот е најдобар стрелец на Сити на сите времиња. На 390 натпревари постигна вкупно 260 голови за англискиот клуб. Тој допрва треба да дебитира на „Камп Ноу“, бидејќи лечи повреда што ќе го исфрли од игра барем до ноември.
Неговиот нов тим вчера го одигра првиот натпревар во новата сезона, победувајќи го Реал Сосиедад со 4-2.



