Connect with us

Фудбал

Ајакс го совлада Бешикташ во Истанбул

Ајакс го совлада Бешикташ во Истанбул во 5. коло од Лигата на шампионите со резултат 2:1.

Првото полувреме од овој меч носи нешто подобра игра на Бешикташ. Турскиот шампион поведе во 22. минута, а судијатапо прегледувањето на видеото покажа на белата точка. Гезал е прецизен за 1:0.

Бешикташ можеше да има поголема предност. Домаќините пропуштија неколку шанси, а фудбалерите на Ајакс не славеа во првото полувреме и на пауза заминаа со водство на Бешикташ од 1-0.

Во продолжение од мечот на гости им влегува одличниот Себастијан Халер и напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска носи пресврт.

Прво погоди во 54. минута за 1:1, а 15 минути подоцна го постигна вториот гол за пресврт и водство на Ајакс од 2:1.

Реклама

Facebook

Реклама