SportM
Фудбал

Ајакс си поигра со Ренџерс, Спортинг газеше низ Франкфурт

Д М7 сеп 2022
Ајакс си поигра со Ренџерс, Спортинг газеше низ Франкфурт

Завршија првите два денешни натпревари од првото коло во Лигата на шампионите.

 

Убедливи победи остварија екипите на Ајакс и Спортинг од Лисабон.

 

Ајакс на свој терен го пречека тимот на Ренџерс. Домашните беа апсолутни фаворити на овој терен, а моќта ја докажаа на теренот.

За Ајакс почна блескаво, а по 17 минути игра имаше предност од 1:0, а голот го постигна Алварез.

 

Во 32. минута резултатот беше 2:0. Кудус му асистираше на Бергуис, кој го постигнува вториот гол за Ајакс на овој меч.

 

Само една минута подоцна резултатот повторно се промени. По асистенција за вториот гол, Кудус овојпат беше стрелец за 3:0.

 

Во вториот дел домашните со уште еден гол ја потврдија победата. Стрелец во 80. минута беше Бергвијн.

 

Во вториот натпревар одигран во претходниот период, Спортинг оствари изненадувачка, но убедлива победа од 0:3 во Франкфурт.

 

Првото полувреме не даде многу прилики, а паузата отиде на почетниот резултат.

 

Во вториот дел беа постигнати три гола, трите во мрежата на Ајнтрахт. Првиот гол на овој меч беше виден во 65. минута кога Едвардс погоди за гостите да слават.

 

Само две минути потоа Тринкао постигна гол и уште тогаш беше јасно дека трите бода ќе му одат на Лисабон.

 

Конечниот резултат на овој натпревар го постави голот на Сантос во 82. минута од средбата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.