SportM
Фудбал

„Ако го продавате Кејн, тогаш направете го тоа сега“

Д М17 апр 2020
„Ако го продавате Кејн, тогаш направете го тоа сега“

Дали Тотенхем ќе ја продаде својата голема ѕвезда, Хари Кејн, е прашање што веќе долго време се поставува во медиумите, меѓу навивачите итн.

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и англиски интернационалец Дарен Бент смета дека дојде време Тотенхем да го продаде својот голгетер.

„Ако го продавате Хери Кејн, сторете го тоа додека е на врвот, како што е сега. Ова е единствениот начин клубот да ги заработи очекуваните пари“, рече Бент.

Договорот на Кејн со Тотенхем важи до 2024 година, а по шпекулациите дека би можел да се пресели во Реал Мадрид, неодамна се појавија шпекулации за трансфер во Манчестер Јунајтед. Се зборуваше и за бројка од 200 милиони фунти, но сепак ќе видиме кои бројки ќе бидат споменати по сето она што се случуваше во светот во последните неколку месеци.

„Хари рече дека може да замине ако тимот не напредува. Ова не е изненадувачки за мене. Сигурен сум дека тој би сакал да оди и да игра за некој европски гигант“, рече Бент.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.